АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Пред Нова година се возеше 56-тата по ред Критична маса. Учествуваа околу триесеттина битолчанки и битолчани кои не се плашеа да возат велосипед на температура под нулата и со тоа испратија порака дека велосипед може да се вози скоро преку цела година и дека нема лошо време, туку само несоодветна облека. Најмладиот учесник на 56-тата критична маса беше малиот Михаил кој има 6 години.