Изминатиов период во Битола група ентузијасти од Здружението „Калидус“ снимија четири едукативни и забавни видеа на тема „Медиумската писменост на социјалните мрежи“.

Оваа современа тема во сценаријата е обработена низ забавно- хумористична нишка, но со акцент на сериозноста од опасностите кои демнат на секој чекор во виртуелниот свет.

Видеата се пред сѐ наменети за деца на возраст од 10 до 16 години, затоа што како што велат од Здружението „Калидус“, токму на таа возраст децата се впуштаат во неконтролирано користење на социјалните мрежи и лесно може да западнат во непријатности. Видеата укажуваат на секојдневни можни случки и како на најдобар и најсоодветен начин треба да се реагира во дадена ситуација. Видеата се изработени двојазично, на  англиски јазик и со превод на македонски јазик. 

Видеата наидоа на голем интерес од страна на јавноста. Може да ги погледнете на YouTube каналот на Здружението Калидус – Association Callidus    

https://www.youtube.com/watch?v=_Q-Ca-MswSA&list=PLMy_9APb6ofb81K6BvfFw8qzTLvX4qVoq

156998611 263211091912106 7748206353840368196 n

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани