2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Утре, 4 јули, со почеток во 18 часот во Зоолошката градина во Битола ќе се одржи промоција на книгата „Мисловни патеки“ од сега покојниот Нешат Аземовски, а промотори ќе бидат неговата сопруга Фатма Бајрам- Аземовска и нивните деца Леона и Даријан.

„Нешат беше битолчанец кој никогаш не сакаше да живее и работи на друго место, иако ги добиваше најдобрите работни места за да работи надвор од Битола. Нешат беше човек со визија, ги знаеше работите што треба да се случат и после 10 години. Велеше дека промената на менталната матрица е она што треба да го копираме од европските метрополи“, напиша неговата сопруга на социјалните мрежи.

Основно училиште заврши во „Елпида Караманди“, истакнувајќи се со својот став, одлични оценки и беше активно вклучен во многу секции. Средно училиште заврши во „Д-р Јован Калаузи“ во Битола, исто така со просек 5. Потоа, се запиша на Природно-математичкиот факултет на Институтот за биологија во Скопје.

„Тао беше периодот кога сам се снаоѓаше во животот, го купи првиот компјутер и принтер и почна сам да заработува за живот, помагајќи им на студентите да направат есеи, семинарски и дипломски работи.

Подоцна ја основа невладината организација „Биосфера“ како борец за здрава животна средина, иницијатор на активности за еколошка едукација и активности од други области, промотор на вредностите на мултикултурализмот, препознатлива личност со својот активизам не само во Битола и Македонија, туку и надвор од државата. Вклучен беше во многу проекти за зачувување на планетата Земја“, додава Фајрам-Аземовска.

Посебен интерес покажуваше за заживување на Зоолошката градина во Битола. Започна со реализирање на многу проекти и активности.

Се запиша на втор факултет одбирајќи го ФАМИС Битола, на отсекот Европски интеграции и менаџирање со европски проекти. Во тој период станува неформален ментор на многу студенти со неговиот ведар дух, знаења и вештини. што ги запознава во тој период, учат од него за многу животни лекции и тој ги охрабрува сами да чекорат по патеката на животот, па така Нешат беше иницијатор за основање и други н евладини организации кои денес успешно работат остварувајќи ги своите цели, благодарение на менторството и помошта која Нешат несебично ја даваше на младите.

„Нешат веруваше во Универзумот и често знаеше да дава мудри совети кои беа познати како нешадизми. Беше прекрасен сопруг и татко, човек посветен 24 часа на семејството, тие му беа најважни. За да може подобро да одговара на родителството посетуваше обуки, читаше книги и имаше секогаш време за семејството. Нешат е тука со неговите мисли, со совети, со нешадизмите. Неговите дела уште зборуваат за него“, напиша сопругата.

По повод одбележувањето на 22 април, Светскиот ден на планетата Земја и Светскиот ден на книгата, 23 април, Ротари Клубот Битола „Широк Сокак“ започнува со реализација на проектот: „Млади поети пишуваат за планетата Земја“. Реализацијата на овој проект ќе биде во чест на упокоениот, почитуван Ротаријанец и активист Нешат Аземовски. Нешат Аземовски беше истакнат, активен долгогодишен еко- активист и основач на НВО „Биосфера“, борец за здрава животна средина, иницијатор на активности за еколошка едукација на младите, промотор на вредности за мултикултурализам. Препознатлив по својот активизам на локално, национално и меѓународно ниво.

По кратко боледување  денеска во Битола во 45-та  година од животот почина Нешат Аземoвски, долгогодишен еко- активист и основач на невладината „Биосфера“.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани