2win800x200

По повод големиот христијански празник, Рождество Христово- Божиќ, Јавните претпријатија Водовод, Нискоградба и Пазари од Битола,  до верниците од православната вероисповед упатуваат честитка, со желби за добро здравје, лична среќа, радост и бериќет во семејствата.

Јавните претпријатија Водовод, Нискоградба и Пазари на своите вработени, граѓаните на Битола и на Република Северна Македонија им посакува среќна Нова година! 

 
ЈКП "Нискоградба"- Битола ги известува своите порошувачи, дека почнувајќи од месец ноември 2019 година при наплата на сметките за Канализација во сите подружници на  "Македонски пошти", се наплаќа провизија од 15,00 денари по сметка, за што  претходно не добивме известување од нивна страна.

Врз основа на Основниот договор за изработка на колектор за фекални отпадни води за Бегова чешма профил1 и профил2 -Битола, кој го има склучено КЈП „Нискоградба“ Битола со Општина Битола, а врз основа на сообраќајниот проект за времен режим на сообраќај, Ве известуваме дека соораќајот на потегот од црквата во с. Трново до Откупниот пункт на Млекарата ќе биде во прекин и тоа секој работен ден  од 8 до 15 часот,  освен во недела, во временски период од три недели, почнувајќи од 10.10.2019 година. 

Со издавањето на имотниот лист Општина Битола официјално го има во владение полигонот лоциран во населбата Горно Оризари.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани