АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Започна новогодишното украсување на Битола. Од Општина Битола соопштија дека ќе се внесат и нови новогодишни содржини.
„Општината, како и минатата година, и годинава ќе внесе нови содржини низ кои и во моменталните услови на економска и енергетска криза, граѓаните ќе можат да ја почувствуваат новогодишната радост”, велат од Општината.
Не прецизираа колку пари ќе се потрошат за украсување на градот, но посочија дека за трошоците за оваа намена сумата е непроменета во последните четири години, па и сега останува иста.
Од локалната власт велат дека со префрлувањето на уличното осветлување на ЈП „Жабени“, сумата која ја плаќа Општината за потрошената струја е три пати помала споредбено со овој период лани.
Општина Битола објави и јавен повик за учество во така наречената „Зимска приказна“ што и годинава ќе се одржи во Офицерскиот дом. На него можат да аплицираат граѓани со културни активности кои ќе придонесат за збогатување на понудата на јавни содржини во општината по повод дочекот на Новата 2023 година.