АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во рамки на одбележување на патрониот празник Св Климент Охридски, во просториите на Универзитетската библиотеката во Битола се одржа работилница насловена „Во срцето на книгите: славење зборови, мудрост и чудо“.
Ова беше заедничка активност на Библиотеката со учениците од ООУ „Климент Охридски“ Битола од прво до петто одделение со нивната наставничка Снежана Стојанова.
Ученикот Михаил Андоновски прочита текст со наслов "Делото на Св.Климент Охридски", потоа учениците изработија плакат со македонската азбука, плакат за книгата и изработија книга со стихотворби посветени на патронот на двете установи. Изработките ги оставија во Библиотеката како поклон за нивниот патронен празник.
„Библиотеките и училиштата се важни институции кои играат клучна улога во поттикнувањето на образованието, писменоста и развојот на заедницата. Заедничките активности меѓу библиотеките и училиштата придонесуваат за холистички пристап кон образованието, обезбедувајќи им на учениците богат спектар на ресурси, поттикнувајќи го ангажманот во заедницата и поддржувајќи го развојот на вештините за доживотно учење“, соопштија од НУУБ „Св. Климент Охридски“.