АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Спортската сала во ОУ „Трифун Пановски“ во Битола, доби сосема нов лик. Од руиниран објект, опасен и небезбеден за учениците, со испаднат малтер, дупки на ѕидовите и таваните, откорнат и уништен паркет, сега учениците во ова училиште имаат можност наставата по физичко воспитување да ја следат во современа спортска сала.
-Во реконструктивните зафати во спортската сала во ОУ „Трифун Пановски“, Општината вложи над 1,5 милион денри. Станува збор за сала која што долги години била оставена на забот на времето. 300 ученици кои што учат во ова училиште ќе имаат можност да узведуваат настава по физичко воспитување, што е на посебно задоволство на целата локална самоурава. Ова е начинот на кој што можеме да градиме здраво тело во здрав дух, пред се, создвање услови за тоа, изјави градоначалничкта Наташа Петровска.
Комплетно се реновирани и соблекувалните, а наксоро во училишната спортска сала ќе бидат поставени и 11 рефлектори, со што цеосно се менува сликата за овој објект.
-Училиштетот долги години имаше потреба од оваа спортска сала, бидејќи од времето на отворањето а ова крло на училиштето па до ден денешен беше малку направено за функционирање на ваа сала. Претежно наставата се одвиваше во школскиот двор, меѓутоа со програмата по физчко образование предвидени се активности во спортска сала, така што задоволни сме што локалната самоуправа ни илезе во пресрет на нашите барања после долги години. Ние ќе се оддолжиме со школски успеси, со работа, со правилно восптување на нашите идни генерации. Убеден сум дека тоа ќе го искорстиме тоа до максимум, рече директорот на ОУ „Трифун Пановски“, Пеце Димовски.
Е. Мисирлиевски
Новиот изглед на училишната спортска сала во ОУ „Трифун Пановски“
Еве како изгледаше училишната спортска сала пред реконструкцијата