Советот на Општина Битола на денешната седница ја освои одлуката за основање на јавна општинска установа за култура коja ќе управува со Офицерскиот дом и Киното „Манаки“. За одлуката гласаа 17 советници од Коалицијата на СДСМ, а 12 советници од Колаицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Поинаку гласаа воздржано.

Советниците од опозицијата го критикуваа основањето на новата установа и предложија со Киното „Манаки“ да стопанисува Центaрот за клултура, а Офицерскиот дом да биде алтернативна културна сцена, но не посебна институција.

„Не дискутираме за објекти, туку за институција и како таа во иднина би функцинирала. Ни во изјавите за медиумите ни во комисиската расправа не добивме некое цврсто уверување дека се има одредена стратегија и концепт како оваа институција во иднина ќе функционира. Во однос на Киното ‘Манаки’, институција која функционира со кинодејноста повеќе од одлично од 2013 година кога се набави новата дигитална опрема е Центарот за култура и продолжува до денес со обучен кадар за програмирање на кино програма и технички кадар. И ова е предлог во која насока треба да се размислува, двете кино сали да не функционираат одделено. За Офицерскиот дом би можел да биде сцена за алтернативна уметност, исто така може да биде простор и за други уметности. Но, не класична институција бидејќи во Битола ги има повеќе од доволно. Проценките и анализите се таму да се вдомат партиски кадри час поскоро “, рече Борче Димитровски, советник од ВМРО-ДПМНЕ.

Жаклина Наумовска, советничка од СДСМ, возврати дека на сите им е позната историјата за тоа како претходната власт сакаше да го продаде Офицерскиот дом, а сегашната власт го враќа на картата на репрезентативни објекти во Битола.

„Офицерски дом годинава прави 101 година откако е отворен за јавноста. Би требало да ви е позната историјата на сите, како и фактот дека Офицерски 20 години беше оставен на забот на времето. Кога колегите од опозицијата беа на власт и добија конечно можност и да го реновираат и да го вратат во служба на граѓаните, решија дека тој не им треба на Битола и битолчани. Поранешната власт се обиде и да го продаде. Тоа е болна приказна за тоа колку Офицерскиот дом му значеше на ВМРО-ДПМНЕ. За нив Офицерскиот дом беше проблем. СДСМ преку локалната самоуправа обезбедија пари преку ИПА фондовите за целосно реставрирање“, рече Наумовска.

Габриела Илиевска критикуваше дека советниците од сегашната власт порано зборувале за Киното дека е промашена инвестициуја, ја критикувале неговата градба нарекувајќи го гулабарник на Широк Сокак, а сега ќе го стопанисуваат.

„Оваа локална самоуправа го исполнува вечниот сон на Владимир Талески“, рече Илиевска.

На ова возврати Борче Корлевски од СДСМ дека тие како власт не се однесуваат деструктувно со рушење на објекти.

„За киното 'Манаки', и за 'Скопје 2014' , во цела Македонија се правеа објекти, настрана и од Скопје што во тој момент не им беше простор или начин, но ниеден објект од тие од 'Скопје 2014', па ни Киното оваа власт не одлучи нити да го сруши, нити да го обезличи, нити да го остави на забот на времето. Туку да го стави во функција на граѓаните. Тоа е пример како во иднина треба да се постапи со сите знаменитости и објети кои ќе имаат културна намена“, рече Корлевски.

Ж.З.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани