2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Продуцентот и организатор на манифестацијата „Незборав“ и главен и одговорен уредник на магазинот за хумор и сатира Панде Димитровски од Битола е еден од годинешните добитници на наградата „4 Ноември“ за едногодишно остварување. Наградата му се доделува за успесите постигнати во организрањето на манифестацијата „Незаборав“ која годинава слави јубилеј од 10 години како ги негува трајните вредности во македонската музика и акцентот го става на музичарите со потекло од Битола, како и за успешниот прокет „Без навреда“ кој овој месец одбележува 15 години од излегувањето во печат на првиот број.

Димитровски во рамките на својата продуцентска кариера има организирано над 400 концерти за детска популарна музика. Пет години работеше на издигнување на детскиот фестивал „Си-до“, а беше и извршен продуцент на телевизиската серија „Здраво Генијалци“ од 31 епизода, која се емитуваше 4 години на МТВ.

Наградата „4 Номеври“ е највисокото општинско прознание која традиционално ја доделува Општина Битола секоја година по повод Денот на ослободувањето на градот. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани