2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Почна рехабилитација на патниот правец од Сопотница до Железнец, Демирхисарско, по барање на жителите од овој крај. ПАтот кој е дел од регионалната сообраќајница Битола – Кичево, не е реконструиран повеќе од 40 години. Инвестицијата е со вкупна вредност од 127 милиони денари, а се реализира во соработка со ЈП за државни патишта и ЈП за одржување на регионалните и магистрални патишта.

„Дадовме збор пред граѓаните и драго ми е што денеска сме повторно тука во Сопотница, да извршиме увид на овој толку важен патен правец за жителите на општина Демир Хисар. Во овој момент се поставува нов асфалт, така како што им ветивме на жителите, очекуваме оваа градежна сезона да продолжиме со рехабилитација и на другите патни правци предвидени во годинешната програма,“ изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

„Со рехабилитацијата на овој пат ќе се овозможи побезбеден сообраќај на оваа делница, како и подобри услови за мештаните,“ изјави директорот на ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта, Костадин Ацевски.

За Демир Хисар и за жителите од Сопотница ова е од огромно значење за локалниот живот, потенцираше Марија Кочовска, пратеник во Собранието на Република Северна Македонија. Таа истакна дека оваа реконструкција се прави прв пат после 1976 година.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани