2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Правната клиника при Правниот факултет во Битола пред Новогодишните празници успеа да развесели сто деца, од кои најголемиот дел со здравствен или социјален ризик. Хуманитарната акција што ја организираа опфати:

  • Донација за 7 деца, ученици од Заводот за рехабилитација за деца со оштетен слух, говор, глас и други проблеми во развојот „Кочо Рацин“ во Битола, кои меѓу другото доаѓаат од семејства кои се наоѓаат во тежок социјален ризик. За овие деца обезбедија комплетни пакети со многу производи.
  • Донација за 51 дете од истиот Завод кои наставата ја следат со физичко присуство. За секое од нив беа подготвени покрај новогодишни, и едукативни и школски пакетчиња во зависност од нивната возраст.
  • Донација за Завод за рехабилитација за деца со оштетен слух, говор, глас и други проблеми во развојот „Кочо Рацин“ во Битола. Донацијата се стостоеше од средства за дезинфекција и одржување на хигиена, техничка опрема, како и донација во школски и едукативни материјали наменети за учениците од предшколска возраст.
  • Донација за 35 деца- на возраст од 3-7 години, штитеници на здружението СУМНАЛ. Беа поделени покрај новогодишни, и едукативни и п акетчиња со зимски опрема.
  • Донација за 14 деца- штитеници на здружението РИЛУКА во новогодишни, и едукативни пакетчиња зависно од нивната возраст.

„Моќна и магична е хуманоста. Нова година и Божиќ, како и ред други празници се само денови кога повеќе се размрдуваат емоциите на луѓето и ги тераат да размислуваат дека треба да им се помогне на немоќните. Затоа, ние како Правна клиника се потрудивме, со сите сили, да ја активираме хуманоста и да докажеме дека и во време на Ковид 19 , таа не е ретка птица која лета во рамките на напатеноста! Животот во овие тешки времиња, очигледно го разбуди човекот во нас и не направи пресреќни и нас како организатори и сите дечиња на кои празниците им ги направивме поубави, повесели и со надеж за подобро утре“, велат организаторите.

Тие им се заблагодарија на студентите од Правната клиника и дел од колегите од Правниот факултет-УКЛО-Битола, како и на други фирми кои ја помогнаа акцијата.ова

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани