2win800x200

Локалниот огранок на Левица во Битола за вечерва во 18 часот пред Полициската станица во Битола повикува на протест за ослободување на Ламбе Алабаковски!

„Бараме отфрлање на кривичната пријава поднесена против Ламбе Алабаковски.

Бараме итно процесуирање на кривичната пријава на Левица против претседателот на клубот „Ванчо Михајлов”, поради излагање на подбив на македонскиот народ и предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа.

Бараме Министерството за надворешни работи да врачи протестна нота на бугарскиот амбасадор во Република Македонија, поради континуирано негирање на македонскиот народ, кое кулминираше со отворањето на клуб во чест на крвникот на македонската кауза, Ванчо Михајлов.

Ја повикуваме целокупната здраворазумна јавност, Битолчани и Битолчанки, кои се гордеат со антифашистичкото минато на градот на Стив Наумов, да покажат дека Битола е град на антифашизмот“пишува во објавата на Левица

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани