2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Од утре започнува светиот месец за муслиманите, а со тоа и едномесечниот пост за Рамазан, кога верниците постат од рано наутро , па се до зајдисонце. Битолскиот муфтија Амит Расими упати апел до врениците при извршувањето на верските обреди да се почитуваат мерките за заштита од ковид-19.  

„Овој месец на Рамазан оваа година како и ланската го сочекуваме во време на пандемија со ковид-19. Нема да бидеме слободни да ги извршуваме сите обреди во џамија, ќе бидеме принудени поради општото здравје на верниците и сите граѓани да не присуствуваме на заеднички ифтари, да не бидеме заедно во џамија за терави намаз, на вечерните молитви, со една цел само да се заштитиме од оваа пандемија. Оваа година верниците ќе ги извршуваат надвор од полицискиот час обредите според мерките кои ги имаат предвидено надлежните институции. Во џамиите молитвите кои ќе се вршат ќе бидат со дистанца, со дезинфекции и држење на сеџаде секој верник кој ќе доаѓа во џамија“, рече муфтијата.  

 Тој апелираше до сите верници и граѓани да бидат што повнимателни бидејќи како што рече,  пандемијата не познава ни вера ни нација, па многу луѓе се разболуваат, млади и возрасни, многу луѓе зеде оваа пандемија, затоа повикуваме да бидеме што повнимнателни овие денови.     

„Од раната мугра верниците престануваат со јадење и пиење на секаква храна или пијалак до заоѓање на сонцето со цел да се доближат до возвишениот господар, да бидат што поискрени верници и да бидат што поблиску едни до други. Месецот на Размазн е месец на милост, на опрост, на берикет, кога возвишениот господар ги опростува сите гревови на верниците и спасува од огнот на пеколот“, додаде муфтијата Расим. 

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани