2win800x200

Техничкото училиште „Ѓорѓи Наумов“ од Битола е прво и единствено училиште во градот кое во новата учебна 2019/2010 година го воведува дуалното образование преку нов образовен профил Техничар за индустриска мехатроника.  

Toa e занимање од електротехничка струка со четиригодишно траење на образовнието за кое кандидатите треба да имаат минимум 55 поени. Истото е овозможено во соработка со Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија, Министерството за образование и наука на Северна Македонија и компанијата Кромберг и Шуберт од Битола. Делегацијата на германското стопанство во април 2017 година започна со спроведување на програмата за дуално стручно образование во Северна Македонија “Skills Expert”.

Целта на програмата е да им се помогне на компаниите од индустријата да обезбедат стручни и квалификувани работници преку спроведување на системски елементи од германскиот модел на дуално стручно образование. Овој во Германија веќе докажан систем претставува комбинација на теорија и пракса, при што посебен акцент се става на практичната обука во самите компании. Моделот на дуално стручно образование претставува комбинација од теорија и пракса при што образовните процеси се спроведуваат на две места, во компаниите и во стручните училишта. Компаниите се задолжени за спроведување на практичната обука, додека стручните училишта за посредување на теоретските содржини.

-Преку засилената соработка помеѓу компаниите и средните стручни училишта, моделот на дуално стручно образование им овозможува на младите да се стекнат со стручни знаења и вештини кои се барани на пазарот на труд. „Учениците практичната настава ќе ја изведуваат во компанијата Кромберг и Шуберт под менторство на стручни лица на компанијата, додека во нашето училиште ќе ја изведуваат теоретската настава по посебна програма одобрена од МОН. Секој ученик ќе има обезбеден превоз и топол оброк, а од втора до четврта година учениците ќе бидат стипендирани од компанијата со одреден паричен надомест. По завршувањето на образованието учениците имаат можност да се здобијат со сертификат за квалитет од Асоцијациојата на германските комори за индустрија и трговија од Берлин (DIHK).“ – изјави за Апла.мк в.д. директорот Владимир Роме.

tehnicko 1

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани