2win800x200

На 66 години, по долго боледување од рак на белите дробови, почина Тоде Новачевски, еден од најдобрите македонски композитори и поранешен сопруг на пејачката Маријана, кој инаку беше по потекло од Чарлија и детството го имаше поминато во Битола.

Имаше завршено Музичко училиште во Битола, а потоа Музичка академија во Скопје, но со години жеивееше во Мелбурн, Австралија.

Новачевски компонираше дел од песните на популарниот сестрински дует Маријана и Росана, меѓу кои и познатата„Признавам“, испеана во 1989 година на „Макфест“, како и безвременските хитови „Ако не исчезнам“, „Верувај ми“, „Венера“, „Око мое“, „Има една судбина“.„Свири ми брате цигане“ како и музиката за серијата „Трст виа Скопје“. 

Тој ги компонираше и песните „Од љубов не се бега“ испеана од Зафир Хаџиманов, како и песната „Има една судбина“ која ја понесе наградата Гарн При на Интерфест Битола во изведба на Росана и Наум Петревски.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани