АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Државниот инспекторот за труд го врати на работа универзитетскиот професор Томе Наумов на кого по 39 години работен стаж Високата медицинска школа му го прекина договорот за работа точно кога наполнил 64 години иако претходно имал доставено изјава за продолжување на работниот ангажман во академската 2021/22 година.
Инспекторатот донесе решение со кое се одлага извршувањето на одлуката на Високата медицинска школа од Битола за прекин на договорот за работа до донесувањето на правосилна одлука на судот за овој случај по тужба против Школата поднесена од Наумов. Еентуелна жалба не го одлага извршувањето.
Во образложението на Инспекторотот пишува дека направиле вонреден инспекциски надозр и констатирале дека работодавачот со своето однесување постапил спротивно на одреден и членови од Законот за работни односи.
Професорот Наумов денес се врати на работа и рече дека наишол на сменета брава од неговиот кабинет, па морале да му отклучуваат, а од вратата бил тргнат и натписот со негово име.
Тој беше одјавен од Агенцијата за вработување во април годинава поради пензионирање, но како што тврдеше без претходно да биде известен. Изјави дека непријатната веста му ја кажале додека дрежел испит во Школата. Рече дека е испуштен надвор од Законот за високо образование кој е јасен и дозволува професор што ќе наполни 64 години има право да го продолжи работниот век до 67.
Директорката на Високата медицинска школа Домника Рајчановска тогаш рече дека сите одлуки што ги донела во врска со професорот Наумов се засноваат врз почитување на одредбите од Законот за работни односи и Законот за високото образование.