2win800x200

Бројката од 80 девојки кои тренираат фудбал во Женскиот фудбалски клуб „Топ гол“ покажува дека кај битолчанки има интерес за спортот кој до неодамна важеше за машки. Битолскиот клуб е еден од најстарите женски фудбалски клубови во земјава, а секоја година расте интересот за упис.

„Голем број битолчанки играат фудбал. Женскиот фудбалски клуб Топ гол постои 12 години и е еден од најстарите клубови за женски фудбал во земјава. Целото опстојување е од самофинансирање и со спортистки од нашиот град. Со спортските ваучери и помошта од АД ЕСМ ќе имаме можност да побараме и некое зајакнување. Но, главна цел и обврзани сме тие средства да ги искористиме за девојки од градот Битола“, вели основачот и тренер на „Топ гол“ Кире Грбевски.sport4

(Основачот и тренер на „Топ гол“, Кире Грбевски, првиот од десно) 

Тој додава дека интерес има, кај нив тренираат 80 девојки, а досега четири пати биле младински шампиони на Македонија. Имаат 12 репрезентативки скоро во секоја од четирите категории, а работат со неколку тренери.

„Организациски сме поставени како машките клубови, но со помал буџет. Сега со донациите и спортскиот ваучерски систем се надеваме дека таа рабта ќе се промени и ќе биде подобро“, рече Грбевски.

Ж.З.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани