2win800x200

Продолжува изградбата на топловодната мрежа низ Битола. До Нова година се очекува северниот крак да пристигне до кружниот тек на Дулие, а јужниот до ОУ Коле Каниски. Потоа северниот крак продолжува кон Иван Милутиновиќ, Булевар 1 Мај, и во оваа фаза ќе заврши стотина метри над гимназијата Јосип Брзо Тито. Јужниот крак, пак од Коле Канински, продолжува кон Партизанска, Васко Карангелевски и Младински бригади.

За една година цевките кои ќе пренесуваат топлинска енергија од РЕК стигнаа до Битола. Директорот на ДООЕЛ „Топловод“ Горан Козаров рече дека цевките влегуваат во Битола и дека топловодната гранка од РЕК е стигната на дванаесетиот километар од трасата, односно во близина на локацијата каде ќе биде кулата за дотоплување на водата на влезот од Битола. Ова е прва од трите фази за изградба на топловодот, во која се поставуваат главните цевки. Втората фаза ќе подразбира изградба на градската мрежа и разводните шахти, а потоа ќе се градат одземач и култата за дотоплување на водата.

„Во 2025 година треба да бидат приклучени 37 објекти од градот и да го почувствуваат бенефитот од топлификацијата. Топловодот ќе биде разграден на две гранки, едната по улица „Иван Милутиновиќ“, а другата по „Партизанска“. Предвидени за приклучување се 37 објекти, тоа се државни институции, судови, полиција, училишта, градинки, болницата, одредени загадувачи и објекти кои прават трансмисија на огромни количества на гасови и загревањето на тие институции чини многу пари. Бенефитот ќе го осетат прво тие, а потоа е предвидено мрежата да се разгранува низ градот, да се пројави интерес за колективните затоплувања каде има постоечки котлари“, рече Козаров.

Кога ќе се поставува мрежата низ градот ќе мора да се ископаат некои од улиците или тротоари, но потоа ќе бидат вратени во првобитна положба, за што се обезбедени финансиски средства. Во битолска „Топлификација“ која е новоформиран ДOOEЛ при ЕСМ засега е ангажиран само управителот, но претпријатието како што ќе се реализира поркетот така ќе се проширува, за на крај да биде самоодржливо и да не троши туѓи пари.

Топлификацијата на Битола од РЕК е желба на битолчани стара 40 години, откако е изграден Комбинатот, а ова се смета за еден од најкрупните прокети во последните години.

„Ова е проект кој се посакуваше 40 години откако е изграден РЕК. Проект кој се сврстува со изграбата на РЕК, Стрежево и други крупни прокети кои ќе доведат до намалување на загаденоста на градот, па бенефитите што ќе ги почувствуваат граѓаните ќе бидат од огромно значење за нив“, рече Козаров.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани