АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Утрово температурата во Битола се спушти до -6 степени, а во текот на денот ќе се движи до -4 степени.
Температури под нулата има во сите населени места во Македонија, информира УХМР. Снежната покривка во Битола е 24 сантиметри.
Според прогнозата на УХМР, времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со умерен, повремено засилен северен ветер. Во повеќе места повремено ќе провејува снег, а во јужните делови врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет. Максималната температура ќе биде во интервал од -6 до -1 степен.