2win800x200

На голем видео бим што го поставува Општина Битола на плоштадот Магнолија,  битолчани ќе имаат можност да го проследат фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на   Португалија и Македонија, што се игра во Порто во финалниот бараж за пласман на Светско првенство.

Натпреварот почнува во 20 часот и 45 минути вечерва.  Да им посакаме среќа на македонските фудбалери и сите заедно да навиваме за Македонија!

 

Во чест на Фудбалската репрезентација на Македонија и нејзиниот вечерашен натпревар против Португалија, Општинската зграда свети во боите на македонското знаме.

„Фудбалската репрезентација на Република Македонија е наша голема гордост. После историската победа против европскиот првак Италија, навиваме за нашите шампиони и им посакуваме пласман на Светското првенство во Катар. Битола е со македонската фудбалска репрезентација. Од вечерва во знак на нивна поддршка зградата на Општина Битола, свети во боите на македонското знаме“, напиша на ФБ градоначалникот Тони Коњановски.

Македонската фудбалска репрезентација денеска против селекцијата на Португалија со почеток во 20:45 на стадионот „Драгао“ ќе го одигра одлучувачкиот натпревар за пласман на Светско првенство.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани