АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Центарот за социјални работи –Битола во соработка со Министерството за труд и социјална политика на Р. Македонија, УНИЦЕФ и СОС Детското село на Р.М во јуни 2018 година одржаа кампања „На секое дете му треба семејство“. Кампањата беше водена во интерес на децата кои без нивна вина се без родителска грижа , сместени во големи институции каде тие не можат да ја почувствуваат семејната атмосфера на секојдневното живеење. И колку да е добро опремена институцијата не може да ги замени љубовта и поддршката на семејната средина. Детето само во семејна средина може да чувствува љубов, поддршка и припадност, велат од Центарот за социјални работи во Битола.
Од таму додаваат дека „за таа цел од страна на овој Центар се водат повеќе кампањи за да може да се создаде поголема мрежа на семејства кои ќе можат да ги отворат вартите на нивните домови и во нивните срца да влезат дечиња на кои им се потребно тоа за да израснат во вистински личности“.
Според Центарот за социјални работи во Битола има четири семејства во кои се сместени по едно дете, а две смејства се здобија со сертификати на згрижувачи. Во Демир Хисар има едно згрижувачко семејство каде се сместени три деца.
Од Центарот апелираат сите заинтересирани семејства да се јават во нивните простории во Битола за да можат да добијат информации каква е постапката за да станат згрижувачи, како и за сите потребни информации за згрижувањето.