АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Екипите на ЈП "Водовод" утрово го санираа дефектот што се појави на водоводната мрежа на главната улица Широк Сокак на потегот од хотелот "Епинал" до Камен мост. Жителите од овој дел на градот имаа прекин во водоснабдувањето од ноќеска на полноќ до утрово во 9 часот.
Полека, но сигурно се враќа животот на Широк Сокак. Амбиенталната битолска улица, која за време на карантинот во вечерните часови беше празна, вчера и денес се наполни со шетачи. Шетаат и старо и младо и уживаат во пролетната вечер. До 22 часот работат и кафулињата, па некои се попосетени, а некаде масите се уште празни.