АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Основниот Кривичен суд од Скопје ги осуди екс директорите на битолските училишта за злоупотребана службената положба на условна казна затвор од 2 години.
Јасмина Ниќиќ Десановска е осудена на 2 години затвор, казна која нема да се изврши доколку во рок од 5 години од правосилноста на одлуката не го повтори делото. Таа за време на "Транспортер" беше директорка на Медицинското училиште.
Иста казна е изречена и за Кирил Печалев, поранешен директор на гимназијата ,,Јосип Броз Тито", Зоран Каранфиловски на Земјоделското училиште, Анита Ангелевска од гимназијата „Таки Даскало“, Василе Дранговски од Економското училиште и Ѓорѓи Ташковски од Техничкото училиште.
За Илија Белџигеровски од ОУ "Елпида Караманди" 2 години условна казна доколку во период од 4 години не го повтори делото, а истата казна му е изречена на поранешниот директор на училиштето во Бистрица, Љупчо Стефановски.