АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Професорките Анита Стефановка, Живка Танушева Ицаноска и Ема Ќука од средното општинско училиште „Таки Даскало“ од Битола, по вторпат зедоа учество на Европскиот ден на волната, што се одржа на Златибор, Србија на 9 април. Тие се претставија со своја видео презентација под наслов „Волнени модни додатоци“ на која беше прикажано што учениците од текстилната насока во „Таки Даскало“ работат на слободните часови користејќи ја волната како суровина: накит од волна, брошеви, ланчиња, торби, венчиња.
На третиот Европски ден на волната главен фокус беше ставен на женското претприемништво и како на волната да и се врати старата слава.
Настанот е под покровтелство на EWE (European Wool Exchange), која е филантропска фондација, основана на Кипар, чија цел е подобра координација на голем број здруженија и групи во Европа кои се заинтересирани за кружната економија на волната и за нејзино враќање во нашето општество како скапоцен ресурс за многумина, наместо да биде третирана како занемарен органски отпад.
Дел од атмосферата и изработките можат да се проследат преку слики, а целиот настан е достапен на Youtube каналот, 3rd European wool day.