2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

На Меѓународниот ден на учителот, градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, која години помина работејќи како наставник во средно образование, денес го посети Средното општинско економско училиште „Јане Сандански“ каде на наставниот кадар им го честита празникот и им посака успех во наставата оваа учебна година. Таа на лице место се увери како тече новиот начин на настава и со какви предизвици се соочуваат наставниците во оваа учебна година.120949463 342731733457011 1865726390336162481 n

Пред почетокот на оваа учебна година Општина Битола ја даде потребната поддршка до сите основни и средни училишта, со цел новиот модел на настава да се одвива без проблеми. Во основното образование беа вложени 5 502 400 денари за набавка на 203 компјутери, платен интернет за 12 месеци и 55 бесконтактни топломери Во средното образование пак, беa вложени 2 399 200 денари за набавка на 89 компјутери, исто така интернет за 12 месеци и 12 мерачи на температура. Вкупно издвоената сума за сите училишта е 7 901 600 денари или 128 481 евра.

Во Средното економско училиште во Битола „Јане Сандански“ останаа десетици слободни места за вториот уписен рок.

Според информациите од училиштето за апла.мк во четири годишно образование струка- економски техничар во првиот уписен рок се запишале 95 ученици од предвидените 136, што значи слободни се уште 41 место. Во тригодишната  насока деловен асистент се запишале само 7 ученици од предвидените 34 места.

Во целост деветоодделенците покажаа слаб интерес за стручните училишта во градот.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани