2win800x200

Ескплозија на плинска боца се случи денес околу 11 часот во рибарницата „Делфин“ во Новиот пазар. Од СВР Битола потврдија дека  случајот е пријавен кај нив, а интервенирала и Противпожарната единица. За време на експлозијата во рибарницата била вработената, која по настанот била пренесена во Клиничката болница во Битола. Портпаролката Сузана Конеска за Апла.мк информираше дека донесено е женско лице  во Ургентното одделение, видно вознемирена, но без повреди. На жената ѝ е дадена соодветна терапија. Од експлозијата искрешени се стаклата од дуќанот,  а настанот предизвикал страв и вознемиреност кај битолчаните кои работат и пазарувале во Новиот пазар.boca

Редакција Апла 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани