АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолската компанија Синпекс за прв пат во земјава испорача електрична голф-кола E-Z-GO EXPRESS L6 ELiTE, производ на добропознатиот производител на возила од овој тип Е-Z-GO од САД.
Овој голф-мобил е придвижуван од електричен мотор со моќ од 9,8kW и SAMSUNG батерија од 56V, може да понесе 6 патници, а максималната брзина му е 28km/h.
Возилото е веќе испорачано кај клиент во Македонија. Од компанијата СИНПЕКС од Битола на сопственикот му посакуваат долгогодишна експлоатација без никакви проблеми.