2win800x200

Не може во осум часот наутро да има многу лица за вакцинација, во 16 часот да нема никој , а пунктот работи од 8 до 19,30, реагираат од Здравствениот дом во Битола. Од таму апелираат да се почитуваат закажаните термин во пунктот за масовна имунизација.

„Голем број на граѓани поради непочитување на закажаниот термин за ревакцинација, доагаат во голем број во исто време и со создавањето ‘гужви’ се отежнува вакциналниот процес. Замолуваме заедно да го овозможиме нормалниот процес на работа .Секој кој има закажан термин ќе биде вакциниран -тимовите работат со вакцинирање и на последното закажано лице. Додека слободното вакцинирање е без зајажан термин“, апелира директорката Весна Спиркоска.

Во престојната недела ќе има повисоки бројки на лица за ревакцинација, па затоа важно е да доаѓаат и во закажаните термини, а пунктот работи 12 часа. Голем дел од здравствените работници кои се ангажирани во процесот на имунизација во Битола немаат користено ни ден годишен одмор.

Денес се вакцинирани и 37 лица кои одлежуваат казна во затворот во Битола.

Шест медицински сестри ангажирани на неопределено време во Здравствен дом во Битола останаа без работа, по донесена судска одлука за процес кој бил покренат за административни процедури околу вработувањето.

 

„Сестрите се отпуштени поради судски процес во однос на процесот на вработување. Тоа не е волја на директорката на Здравствениот дом. Имало еден подолготраен судски процес поради административни процедури“, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Огласот бил објавен на 30 октомври 2018, а на 5 февруари 2019 година медицинските сестри потпишале договори за работа. Следувал судски процес, за кој Апелациониот суд донел одлука на 16 јули годинава, а била спроведена летово по завршувањето на вонредната состојба кога бил поништен изборот на кадидатите по конкурсот.

 

 

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани