АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Доскорешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески си замина од функцијата со три стана. Според податоците од анкетниот лист што стои на страната на Државната комисија за спречување на корупција, фамилијата на Талески во 2015 година се подновила со стан, врз основа на купопродажен договор во вредност од околу 65 000 евра.
Доскорешниот градоначалник на Општина Битола, Владимир Талески денеска, после речиси 13 години владеење, сам си замина од зградата на општината. После примопредавањето на градоначалничкиот кабинет на новата градоначалничка Наташа Петровска, Талески излезе од задната страна на општинската зграда. Единствено до неговиот автомобил го допрати досегашниот личен возач, ниту еден друг од неговите вработени, ниту од неговите поддржувачи, не излегоа да го испратат стариот градоначалник . Талески влезе во автомобилот и тивко си замина.