АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Друштвото за туризам, угостителство, рекреација и спорт ЕСМ Молика ДООЕЛ Битола и Синдикалната организација на друштвото потпишаа Колективен договор со која се уредуваат правата, обврските и одговорностите помеѓу работниците и работодавачот.
Документот го потпишаа директорот на ЕСМ Молика, Миле Вељановски и претседателот на Синдикалната организација, Валентин Трпеновски. Колективниот договор на друштвото беше утврден низ дијалог кој двете страни го водеа изминатите неколку недели и во него се содржани последните законски решенија со кои се подобрува стандардот на работниците, како што е минималната плата и исплатата на додатоци за работа во недела.
Соработката меѓу ЕСМ Молика и синдикалната организација продолжува и понатаму со цел унапредување на условите за работа во друштвото кое беше формирано неодамна и работи во рамките на Државните електрани.
Во ЕСМ Молика работат над 90 лица, а друштвото стопанисува со Хотелот Молика, со автокампот Ливадиште, апартмани Свети Стефан во Охрид, одморалиште Маврови Анови и Вила Тиквеш во Стар Дојран и работничките мензи во РЕК Битола и РЕК Осломеј.