АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Осма година со ред, Советот на Општина Битола дава дозвола во основните и средни училишта да се формираат паралелки со помал број ученици од законскиот кој изнесува 24. Во училиштето „Гоце Делчев“, во строгиот центар на Битола, во прво одделение ќе има паралелки и со осум ученици. И во други централни училишта има паралелки кои ќе опстојуваат со 11 или 12 ученици.
Советниците од Општина Битола велат дека редовна пракса стана донесувањето на ваква одлука.
Според Методија Илиекси од СДСМ, едната причина е намалениот наталитет, а другата тоа што учениците сакаат да учат во неколку средни училишта.
Според Горан Велевски, во ситуацијата прсти меша и политиката.
„Иако имаме малку деца треба да се направат нови паралеки со 10 до 12 ученици. Од една страна тоа е убаво, но од друга има политички аспект зашто локалната власт е приморана да ги изврши своите задачи за вработувања. И нормално ќе си постават свои кадри одделенски или по други предмети со цел да ја зголемат нивната кауза која е ветена“, рече Велевски.