2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Синдикалниот лидер на гранковиот Синдикат за енергетика, рударство и индустрија на Македонија, Васко Перчаковски, е пријавен во полиција од вработена во РЕК Битола дека физички ја нападнал на работно место. Тој демантира дека имало физички напад, вели вербалниот е кој како го сфаќа.

СВР Битола објави дека на 12.07.2022 во полициското одделение Новаци, 34-годишна жена од Битола пријавила дека на работното место во државно претпријатие била физички нападната од претпоставениот В.П.(54) од Битола. Од полиција велат се преземаат мерки за расчистување на случајот.

По оваа објава од СВР, Апла.мк го истражуваше случајот и доби информација дека пријавен е лидерот на гранковиот синдикат. До редакција беа испратени материјали на кои се слуша машки глас на работна средба во РЕК како вика „ич да не ја правиме големата, станувај од тука да не те гледам, да не те фатам за коса онаму ќе те акнам. Кој ти е шеф, јас ти сум шеф на смената. П...... голема ќе ја молиме да стани, нејќам да ја гледам , до мене нема да работи. Немој да си пуштила систем, немој да си се јавила по радиостаница оти циркуз ќе прајме“. Исто така ни беа ипратени и фотографии од отечена рака.

Редакцијата го контактираше пријавениот зашто се работи за синдикален лидер кој во принцип треба да ги заштитува вработените.

Перчаковски во телефонски разговор потврди дека е синдикален лидер и дека тој е пријавен, но вели ова е местенка и немало физички напад, а за вербален зависи кој како го сфаќа.

„ Јас сум синдикален лидер на гранков синдикат на енергетика, рударство, индустрија на Македонија. Кон ЕЛЕМ имаме повеќе судски спорови поради нивно непризнавање. Дали тоа беше поводот за местенката, не знам, знам дека сум 35 години во РЕК и моето искуство и знаење сигурно придонесле во процеот на работа. Таков чин на напад сигурно немаше , дефинитивно. Таму беа присутни и сведоци, одговорни инженери. Моето барање се состоеше во промена на дел од персоналот, конкретно госпоѓата што пријавила, да не биде во мојата смена. Или таа или јас за да има подобра работна атмосфера. Немаше физички напад, вербално кај нас постојано постои, кој како го сфаќа, јас сум тој што издава наредби и прима наредби од повисоките. Ако наредбите се некое зло што не треба да се прави, тоа е друга работа“, рече Перчаковски.

Од СВР Битола соопштија дека преземаат мерки за расчистување на случајот.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани