АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Митрополитот на Преспаско Пелагониската епархија г. Петар во Божикното послание ја изрази својата загриженост за падот на наталитетот кај Македонците, и рече дека Црквата и државата должни се да најдат начин за негово зголемување, затоа што решавањето на овој акутен проблем не смее да трпи одлагање. Тој ги повка македонските мајки да ја исполнат, како што вели, светат должност за раѓање деца.
-Ние, пак, како свештенослужители, јавно од секој црковен амвон и при секоја прилика, треба да ги повикуваме македонските мајки да останат доследни на аманетот на нашите претци, светата должност, раѓање и воспитување на деца; а не на убивање преку абортуси и спречување на бременоста со контрацептивни средства. Тоа не смеат да го дозволат Македонците и Македонките, заради егоистични побуди и комфорен живот, да станат гробари на нашата Црква и нација, вели Г Петар во Божикното послание
Тој додаа дека бракот, кој ја доживува најтешката историска криза, не е само уживање и задоволство, туку има обврски и должности.
-Сведувањето на бракот само на сетилни задоволства, на задоволување на телесните страсти, во денешно време, претставува демонстрација на потполно неразбирање на Светата Тајна Брак. Денешниот „современ“ брак, навистина ја доживува и преживува најтешката историска криза. Нашата држава е должна, на брачните другари, кои треба да го подигаат наталитетот, да им обезбеди задолжителни добри и соодветни услови, и во периодот на бременоста на мајката, но и во текот на подигнувањето на децата до полнолетството. Државата, покрај тоа, треба да обезбеди и соодветен детски додаток а особено, тој детски додаток да биде зголемен за многудетните семејства, рече меѓу другото митрополитот Преспанко Пелагониски. во Божикното послание.
За 952 лица имало повеќе умрени од родени лани Пелагонискиот Регион, покажуваат податоците МАКСтат базата на Државниот завод за статистика. Така, во 2018 година имало 1962 живородени бебиња, а мртовци 2914.
За десет години во Пелагонискиот Регион бројот на бебиња е намален за 474. Ако во 2018 година имало 1962 живородени бебиња, пред една деценија бројот изнесувал 2436. Во изминатата декада најмногу родени бебиња биле регистрирани во 2009 година дури 2627. Опаѓањето на наталитетот е континуиран процес низ годините зашто од една година во друга бројот на живородени опаѓа за околу стотина или нешто помалку.