2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Од 22 часот вечерва почна полицискиот час кој ќе трае до 5 часот наутро, а оваа рестриктивна мерка ќе се применува до 22 март.

По воведувањето на полицискиот час од 22 до 5 часот наутро во наредните две недели, од Владата информираат за повеќе детали околу спроведувањето на одлуката

Владата донесе одлука, од утре 10 март, па во следните 12 денови, поточно до 22 овој месец ќе има полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро. 

„Одлуката е воведување на полициски час од 22 часот навечер до 5 часот сабајле, почнувајќи од утре вечер, 10 март, до наутро во пет часот на 22 март. Тоа се неполни две седмици, односно 12 дена. Ќе го следиме целиот процес и имаме предвид дека во април доаѓаат рамазанските пости и други прзници, па одлуката има и превентивна цел покрај причините за зголемувањето на самите бројки. Апелирам до сите граѓани максимално да се почитуваат одлуките. Ќе следуваат засилени контроли од страна на МВР и други инспекции. Ќе следуваат зашто граѓаните очигледно се опуштија во делот на почитувањето на мерките за лична заштита како што се носење на маска, дезинфекција, негрупирање и друго. Алармира самиот број на заразени граѓани дека итно мора да се преземат мерки, а ни треба најмногу помошта од граѓаните. Угостителските објекти се очекува да се придржуваат до мерките, дадени се пособни инструкции од Владата за позасилени контроли со конечна цел да продолжи економски да живее државата, а сепак да ги маркираме најголем дел од оние граѓани кои се социјално најактивни, општествоно најприсутни, а  тоа се младите кои се најголеми пренесувачи на заразата, понекогаш и без да знаат“, рече премиерот Зоран Заев.   

 

 

Владата  согласно препораките на Комисијата за заразни болести, со цел брза и ефикасна реакција за спречување на ширењето на коронавирусот, донесе одлука да се воведе целосна забрана на движењето на сите граѓани во Скопје (сите скопски општини), Куманово, Липково, Штип, Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце, почнувајќи од четврток (4 јуни) од 21:00 часот до понеделник (8 јуни) до 05:00 часот, известуваат од Владата

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани