2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Првата професионална претстава на македонски знаковен јазик „Улаф сте (Are you crazy?)“ во продукција на битолскиот АТО – Центар за современа уметност и култура, а во режија на Јован Ристовски при вчерашната изведба на Драмскиот факултет во Скопје, ја погледнаа и претседателот Стево Пендаровски и министеркста за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. И двајцата изразија целосна поддршка за пораките ор претставата која бара стандардизација на македонскиот знаковен јазик и поголеми права за лицата со оштетен слух.

„Честитки до целата екипа на „Улаф сте?“, за реализацијата на првата професионална претстава на македонски знаковен јазик за возрасни лица со оштетен слух. Преку синоќешната изведба на претставата на Драмскиот факултет во Скопје, актерите уште еднаш побараа стандардизација на македонскиот знаковен јазик и поголеми права за лицата со оштетен слух, за што, од мене, имаат целосна поддршка“, напиша претседателот Пендаровски на својот ФБ профил.

357041256 838534400970805 1848342844154867307 n

„Претставата ме потсети на тоа каде сме како општество и уште колку многу треба да работиме за да овозможиме еднакви можности за сите. Да овозможиме социјализација, образование, но и љубов. Претставата зборуваше за работите кои сме ги имале и некаде по пат сме ги изгубиле. Оваа претстава која беше одиграна на знаковен јазик и преведувана на говорен во секој еден гледач пробуди свест за прифаќање на другиот. Задоволството да бидам дел од публиката беше мое“, напиша Тренчевска.

356829717 286962943905477 3302874608809320131 n

По претставата режисерот Ристовски изјави дека АТО навистина прави општествена промена. „И како режисер и како човек сум пресреќен што после години работа, инспириран од Бертолт Брехт уште како студент, конечно се уверив дека навистина уметноста може да направи општествена промена. Се што е направено со многу љубов и волја, преместува планини“, изјави Ристовски.

Драматург на претставата е Билјана Крајчевска, а меѓу соработниците за знаковен јазик е Мартин Ангелов кој заедно со Радмила Периќ во Битола го имаат отворено првото кафуле и пицерија на знаковен јазик во Македонија кои се викат како и претставата „Улаф сте“.Во претставата играат акатерите Наталија Ристеска, Кристијан Танчевски, Марија Стефановска, Маја Андоновска- Илијевски, Сандра Грибовска и Никола Пројчевски.

356421031 838534304304148 8522129343604792907 n

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани