АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Започнува реализацијата на четири проекти од Програмата за социјална заштита на општина Битола. Градоначалникот Тони Коњановски и претседателката на ОО организација на Црвен крст од Битола, Лилјана Ристевска, потпишаа два договори со кои општината ќе ја продлабочи понатамошната соработка со Црвениот крст, со цел реализација на повеќе проекти во интерес на граѓаните.
Првиот договор е со максимален износ од 900.000 денари и се однесува на згрижување на бездомни лица и лица во ризик.
За вториот договор денес е објавен јавен повик за обука на 24 невработени лица, за лични асистенти на лица со попреченост, во период од три месеци. По успешното завршување на обуката, лицата во договор со Црвениот крст ќе бидат работно ангажирани. Овој јавен повик е почетна активност кон реализација на проектот „Асистенти за независен живот“. За реализација на оваа проектна активност, општината издвојува 480.000 денари.
Како дел од Програмата за остварување на социјалната заштита во Општина Битола за 2022, објавен е и јавниот повик за поддршка на проекти и програмски активности на здруженија на граѓани кои работат во областа на социјалната заштита, за кои ибезбедена е финансиска поддршка од 640.000 денари на проекти на здруженија на граѓани и фондации кои работат во областа на социјалната заштита. Поддршката се однесува на неколку области: намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост, социјална заштита на лица со попреченост, социјална заштита на стари лица, како и поддршка на активностите на советите на Општина Битола, како што се Совет за превенција на детско престапништво, Совет за социјална заштита, Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Локален економско-социјален совет, Совет за заштита на потрошувачи, Локален волонтерски совет.
Како четврт проект е оној за за обезбедување инфраструктура на лицата со попреченост, во нивните домови, за што повикот ќе биде објавен по донесувањето на Правилникот од страна на Советот на општина Битола, на седницата која ќе се одржи во понеделник. Овој повик, по објавувањето ќе биде отворен во текот на целата година, до искористувањето на предвидените средства од 1.000.000 денари.
„Вкупната вредност за наведените проекти со кои од една страна се обезбедува социјална заштита, а од друга страна обука за побарувани занимања, што понатаму ќе донесе и можности за вработување на нашите сограѓани, изнесува 3.000.000 денари“, изјави Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.
Претседателката на ОО на Црвен крст, Лилјана Ристевска, нагласи и општината и Црвениот крст во 2022 година ќе се соочат со многу предизвици, особено поради зголемениот број на бездомни лица. Но, со заедничка активност, предвидена е реализација на повеќе активности кои ќе го подобрат животот на социјално ранливите категории граѓани.
--