2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Писателката Сања Поповска, чие пишување им даде поттик на многу жени во борбата со мултиплекс склероза, објави продолжение на нејзиниот прв роман „Девојката со портокалова марама“, пишува Факултетиу.мк. Новата книга, која излезе од печат деновиве, го носи насловот „Портокаловата марама“, а со тоа во името повторно како симбол ја има заштитната боја на лицата што се соочуваат со оваа болест. На нејзините страници продолжува битката на главната јунакиња Ања со мултиплекс склерозата, а преку неа авторката, која има 31 година, делумно ја прикажува и сопствената битка со болеста. Приказната само донекаде е автобиографска, преку неа се прикажани не само болеста, туку и љубовта на Сања кон Битола, сопругот и синовите, сето она што ја држи во живот. Но, поголемиот дел од настаните се измислени.

 
- Продолжувам да ја опишувам борбата на главната хероина Ања со нејзината болест, анксиозноста, депресијата и предрасудите. Во овој дел таа се помирува со дијагнозата и се труди добро да се носи со неа. Но, тоа што ја убива е анксиозноста, како и непрекинатата борба со гласовите во нејзината глава. Жената борец која успешно се справува со проблемите на другите како психолог, но тешко ѝ успева кога станува збор за нејзината психа. Сѐ додека не сфати дека баш тој аксесор кој го краси нејзиниот мозок може да уништи сѐ што градела досега - вели Поповска.
 
Од друга страна, тука е љубовта што ја добива од нејзиниот сопруг, која е посилна од секоја терапија што мора да ја прими и баш таа љубов ќе ѝ помогне да се исправи на нозе.
- Пораката што сакам да им ја упатам на читателите е дека ништо не е невозможно. Со силна волја, позитивна енергија и позитивни мисли можеме да го победиме секое зло. Секој човек може да се бори со каква било болест, но ретко кој може да се бори и со психата. Бидејќи таа е таа што нѐ убива или нѐ лекува. Изборот е наш - напоменува авторката.
 
Инспирацијата за романот се појавила пред три години кога била на Клиниката за неврологија во Скопје, а болничката соба ја делела со Луна Мичевиќ, на која патем ѝ го посвети првиот роман. Потоа добила премногу пораки од личности што страдаат од истото, со нивна поддршка, импресии од приказната и восхит, решила да го продолжи романот. За тоа ѝ биле потребни помалку од три месеци, а наскоро ќе го објави и датумот за промоција. Првиот роман се продаде во рекордно време, остана уште понекој примерок низ книжарниците, но ќе биде реиздаден бидејќи авторката сака читателите целосно да ја доживеат приказната во двата дела.
 
Ова е нејзина трета книга. Првата книга што ја издаде беше збирката раскази „Подарок за ангелот“. Пишувањето ја исполнува, кога пишува, едноставно се исклучува од реалноста и се внесува во приказната, тоа ѝ дава посебен мир, пишувањето е всушност сето она што отсекогаш го посакувала.
Поповска е сопруга и вели: „Мажена сум за еден прекрасен човек кој се обидов да го претставам преку сопругот на Ања“. Има два сина, Матеј и Лука. Нејзините планови се да продолжи да пишува, а импресиите од читателите да продолжат да ѝ го греат срцето.
 
 

Девојката со портокалова марама“ е роман во кој битолчанката Сања Поповска преку ликови од имагинацијата ја наслика вистинската борба на лицата со мултиплекс склероза. Книгата беше објавена неодамна, а авторката која има 30 години и веќе води битка со болеста, вели дека делото им го посветува на сите жени лавици кои во изминатите две години ги сретнувала низ болниците.

 

„Инспирацијата за романот се појави од пред две години кога се најдов во Клиниката за неврологија во Скопје. Болничката соба ја делев со сега моја добра пријателка Луна Мичевиќ, на која патем ѝ ја посветив оваа книга. Две девојки заробени во светот на мултиплекс склерозата за која моравме за брзо време да научиме сѐ. Дента кога официјално ѝ ја дијагностицираа осетив страв и очај, сфатив дека ѝ е потребна поддршка од личност со која ја делат истата тежина. Оттаму излезе и инспирацијата за романот. Начин на кој ќе и докажам дека не е сама, дека за рака ја држи уште еден борец. Во овие две години со прошетки по болниците сретнав уште многу такви жени борци, на кои почнав да им се восхитувам. Сфатив дека оваа книга не е само за Луна , туку за сите лавици на кои им е потребна поддршка за да извојуваме победа“, вели Поповска.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани