АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во Завод за рехабилитација на слух, говор и глас во Битола, која е најстариот завод од ваков тип во државата, формиран 1955 година, отворена е сензорана соба наменета за децата со сензорна дезинтеграција. Заводот годишно го посетуваат 300 деца и собата ќе им овозможи унапредување на координацијата и комуникациските вештини. При пуштањето во употреба присуствуваше и министерот за здравство Беким Сали, како и неговиот заменик Владимир Рендевски. Сали рече дека кај нас, како и во светот, во последните години расте бројот на лица со сензорно моторна дезинтеграција, дезориентација и проблеми со аутистичен спектар.
„Видовме една успешна инвестиција која придонесува за поуспешна и поефективна рехабилитација на мали деца и млади пациенти кои имаат сензорна деизнтеграција и деца со проблеми со аутистичен спектар што во последниот период кај нас, па и во светот е некаков тренд на раст на број на пациенти. Престојот во сензорната соба им овозможува на децата да развијат сензорни вештини, а притоа стимулирачката и смирувачката атмосфера озозможува подобра координација и унапредување на комуникациските вештини. Ова е центар кој ќе преидонесе за навремена дијагноза и третман за рехабилитација на овие пациенти“, рече Сали.
Заводот има болнички дел со капацитет од 25 лица, како и амбулантен кој е многу поголем. Доаѓаат деца од тригодишна возраст, па нагоре.
„Имаме нова сензорна соба која е од големо значење за нашите мали пацинети, а тоа се децата со сензорна дезинтеграција. Се надеваме дека ќе придонесе многу за нивна побрза рехабилитација. Мислиме дека ќе има голем успех. Собата чини 3,7 милиони денари, од кои 180 900 се донација од Стопанската комора, а останатите се наши сопствени средства“, рече директорката Дивна Живорадиќ- Најдовска.
Со децата во Заводот работат десетина специјалисти во нивната област, од кои четворица магистри. Установата работеше и за ковид-кризата, а министерот ја издвои како пример на јавна установа која не направила долгови.
„Обноваена е опремата, климатизери за секоја работна соба, ИТ поддршка за сите вработени и ја сметаме за една од јавните установи кои треба да се користат како модел зашто во време на пандемнија нема создадено јавни долгови што пак е тренд и забележуваме дека сите јавни здравствени установи во текот на пандемијата предизвикуваа долгови“, додаде Сали.
Сенозорна соба за децата со посебни потреби е отворена денеска во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ од Битола. Во активностите во оваа сензорна соба покрај децата кои посетуваат редовна настава во ова училиште, можат да бидат вклучени и останатите кои ќе имаат потреба.