АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Токму на Меѓународниот ден на жената, 8 Март, во државата започнува организиран скрининг за рана детекција на рак на грло на матка, а пријавувањето е преку веб платформата skrining.mk.
Од Министерството за здравство посочија дека со организираниот скрининг оваа година се опфатени жените на возраст од 36 до 45 години, кои во последните три години немаат направено ПАП тест. Прегледот во рамки на овој скрининг за оваа возрасна група е бесплатен. Активностите се преземаат со цел поголема заштита на женското здравје.
Веб платформата skrining.mk за закажувањето превентивен преглчед од денеска е достапна. Таа е директно поврзана со системот „Мој термин“ и матичниот гинеколог веднаш добива информација за пријавени пациентки, по што ги известува пациентките во кој термин е закажан прегледот. Согласно распоредот предвиден во планот за ПАП тестирање, матичниот гинеколог ги повикува жените информирајќи за точниот датум и час кога треба да се направи ПАП тестот.
„Мој термин во соработка со Националната комисија за рак на грло на матка изминатиот период интензивно работеше на оваа новина и за првпат на овој начин жените од предвидената група можат да се пријават да учествуваат во овој скрининг, а целта ни е да го зголемиме опфатот на жени кои ќе направат преглед, имајќи предвид дека раната детекција и превенција на ракот на грлото на матката е еднакво важна и во услови на пандемија“, соопштија од Министерството за здравство.
Годинава се издвоени приближно 11 милиони денари за оваа потпрограма во рамки на Програмата за рана детекција на малигни заболувања.
Препорака на СЗО е жените вклучени во скринингот да се поделени во три возрасни групи и тоа од 24-35, 36-45 и 46-61 година. Интервалот на спроведување на скринингот е три години се со цел да се опфатат сите овие возрасни групи.
Ракот на грлото на матката е четврт најчест тип канцер кај жените во светски рамки, а во нашата држава во просек годишно заболуваат околу 150 жени од рак на грло на матка.
Утре почнува скринингот за КОВИД-19 во основните и средните училишта во Битола, потврдија за апал.мк од Центарот за јавно здравеј. Вкупно во нашата општина ќе бидат опфатени 378 ученици. Превентивните тестирања се со цел рано детектирање и превенција од КОВИД 19 во училиштата низ Македонија, а ќе се спроведуваат со брзи анигенски тестови, а вкупно низ дражавата се опфатени 8178 ученици. Тестирањата ќе се извршуваат во училиштата, по случаен избор, со согласност од страна на родителите.
-Министерството за здравство апелира до родителите и старателите, да дозволат учениците да учествуваат во превентивното тестирање, со цел да се добијат релевантни податоци за трансмисијата на Ковид 19 низ училиштата, како и да се утврдат асимптоматски случаи кај учениците и средношколците. Со давањето поддршка на скринингот, зачајно ќе се придонесе да се добијат релевантни податоци базирани на докази, кои ќе овозможат натамошно носење на соодветни одлуки од интерес на децата и учениците. Тоа ќе овозможи побезбедно одвивање на наставата како и поголема заштита на здравјето на учениците, се наведува во соопштението на Министерството за здравство кое во октомври го испрати до јавноста