АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Врнежите од снег попладнево предизвикаа проблеми во сообраќајот на повеќе патни правци, а во моментот според известувањето од АМСМ, во целосен прекин е сообраќајот на патот Битола-Ресен.
АМСМ известува дека покрај забраната за движење на тешки товарни возила, од 18,45 часот воведена е забрана и за патнички моторни возила преку планинскиот превој Ѓавато.
Попладнево околу 16 часот на овој патен правец имаше сообраќајна несреќа, заради што сообраќајот беше во прекин до 17,30, но кусо време откако патот беше отворен, воведена е целосна забрана за сите возила.
Патници тврдат дека има застој заради излизгани камиони и автомобили.
Целосно е во прекин и патниот правец Маврово-Дебар, поради лавина на патот, информираат од АМСМ.
Изработка на нова сообраќајна студија за градот или ревидирање на постоечката, најави градоначалничка Наташа Петровска. Новата локална власт констатира дека загадувањето на воздухот во Битола меѓудругите чинители е последица и на нерегулираниот градски односно целокупниот сообраќаен режим во општината.
Петровска од битолскиот универзитет „Св Климент Охридски“ побарала промени во сообраќајната студија, што треба дадат резултати на подолг рок.