АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Зелениот отпад во Пелагонија ќе се користи за биогориво од кое ќе се добива топлинска енергија. Трската и други нискостеблести растенија во руралните средни предизвикуваат сериозни еколошки проблеми. Неконтролираното растење на оваа вегетација во каналите и речните корита е причина за поплави во Пелагонија, а земјоделците често пати од овој отпад се ослободуваат со палење и освен што е опасно, предизвикува и загадување на животната средина. Општина Новаци и грчката општина Аминдео се вклучени во проектот „Менаџирање со агро отпадот за загревање во руралните средини“ поддржан од Интерег програмата за меѓугранична соработка, а со производство на биогориво ќе се затоплуваат општински згради од двете страни на границата.