АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Бледи фискални сметки, со нечитлив бар код пријавиле граѓани од Битола на 198, соопштија од Управата за јавни приходи. Од таму информираат дека од почетокот на мерката поврат на 15 % од пресметаниот ДДВ, граѓаните досега пријавиле бројни неправиности. Од 1 јули 2019 година, најзабележителни се пријавите за неиздавање на фискални сметки, како и за сметки коишто граѓаните не можат да ги скенираат.Најголем дел од пријавите се однесуваат на ресторани, маркети, мини маркети, колонијални продавници, фризерски студиа и друго.
Од Управата за јавни приходи велат дека некои правни лица се пријавувани и по повеќепати, а има и општини за кои граѓани тврдат дека речиси ниту едно правно лице не издава фискални сметки. Најмногу пријави за недоследности има на територијата на Скопје и тоа најчесто во општините Аеродром, Центар, Чаир и други.
Во општина Аеродром на 198 граѓаните граѓани пријавиле неиздавање на фискална сметка во продавници за храна, фризирско студио, кафе бар и други, кадешто граѓани или не добиле фискална сметка или им била издадена невалидна.
Во општина Чаир граѓани се пожалиле дека не добиле фискална сметка во слаткара, механичарски сервис, бутик и други.
Во повеќе делови од Скопје пријавени се недоследности при издавањето на фискалните сметки од страна на механичарски сервис, гостилница, трафика, бутик, перална за автомобили и други.
Во општина Тетово граѓанин дојавил дека му била издадена фискална сметка за купен телефон, а неколку граѓани пријавиле дека фискални сметки не издаваат бензиска пумпа, неколку маркети и кафе барови.
Јавување за недоследности во повеќе продавници и кафе барови пријавиле и граѓани на Крива Паланка.
Граѓаните ја известиле Управата за јавни приходи и за нерегуларности и во општина Охрид. Фискална сметка не им била издадена во ресторан и на место каде се продавале билети на настан.
Во општина Прилеп, граѓаните се соочиле со неиздавање на фискални сметки во продавница за храна, како и со издавање на невалидни фискални сметки од страна на мини маркет.
Во општина Свети Николе, граѓаните наишле на повеќе фискални сметки коишто се со испрекинат бар код поради што не може да се вчита, а фискалните сметки им биле издадени во маркет.
Бледи фискални сметки, со нечитлив бар код забележале и граѓаните од Битола, Куманово и од повеќе делови од Скопје за што пријавиле на 198.
На 198 граѓани пријавиле и нерегуларности при плаќање услуга во угостителски објект во Галичник.
Се почести се јавувањата за купување на производи од продавници коишто своите производи ги нудат и преку интернет, најчесто облека за што на граѓаните нарачаниот производ им се доставува без да им биде издадена фискална сметка.
Мерката поврат на 15 % од пресметаниот ДДВ е од корист и на граѓаните и на државата. Оваа мерка значително ќе помогне и во намалувањето на сивата економија.
Согласно пријавите и по службена должност Управата за јавни приходи ќе спроведе интензивни контроли со цел проверка и утврдување на фактичката состојба на терен.
На учениците кои не ги зачувале фискалните сметки за превозот до школо или пак патувале со сопствен превоз исто така ќе им се рефундираат трошоците доколку се најдат во извештајот што училиштата ќе го достават до Секторот за јавни дејности во Општина Битола.
Вчера на седница на Совет, по барање на координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Иванчо Тошевски, беше направено дополнување кон одлуката на Општината за рефундација на средствата.
Според првичната одлука за да има исплата на трошоците, директорот на секое училиште требаше да достави извештај со список на ученици кои користеле превоз, бројот на денови и износ за исплата според донесени оригинални сметки. Секој ученик пак, да достави барање за враќање на трошоците, фотокопија од трансакциона сметка и лична карта на родител или стрател и оригинални фискални сметки.
Тошевски реагираше дека со ваквата одлука нема да бидат опфатени сите ученици што платиле превоз од сопствен џеб зашто дел не ги чуваат фискалните сметки, а некои патувале со сопствен превоз. Тој предложи обештетувањето да не биде само врз основа на фисклани, туку надомест за трошоците да добијат и учениците кои школите во списоците ќе ги пријават дека патувале, а не ги зачувале фискалните сметки. Неговиот предлог беше прифатен од останатите советници, со што во интерес на учениците беше надополнета првичната одлука.