За првпат во долгогодишното постоење на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“, годинешното отворање во четврток на 16 септември, нема да биде во Центарот за култура туку во Завод и музеј Битола, од безбедносни причини поради пандемијата. И покрај промената на локацијата, црвениот килим останува, ќе биде послан пред влезот на Заводот, а отворањето и проекцијата на македонскиот филм „Сестри“ ќе се случат во Пациото под отворено небо. Поради здравствените протоколи бројот на гости ќе биде намален на 250 љубители на филмот.

На шесте фестивалски дена колку што годинава ќе трае фестивалот, за два дена пократко од вообичаениот тек, строго ќе се почитуваат протоколите за заштита од ковид-19. На затворените проекции и свеченото отворање ќе може да се влезе само лица со сертификати за вакцинација или прележан ковид-19 не постар од 45 дена.

Ќе биде искористен и просторот на Киното Манаки каде жирито ќе ги гледа филмовите. Во главна конкуренција ќе бидат 10 долгометражни и уште толку краткометражни филмови. Меѓу нив два македонски филмови: „Сестри“ од отворањето, ќе се напреварува и во официјалната конкуренција за долгометражен филм, а меѓу краткометражните и филмот „Северен пол“ на битолчанаката Марија Апчевска.

Покрај лауреатот Кристијан Бегер кој во Битола доаѓа со сопругата и ќерката, ќе има уште еден добитник на животно признание, но директорот Дамевски не откри кој поради претпазливост да не се сменат плановите. Рече дека многумина филмаџии се радуваат да дојдат во Битола зашто претходно биле на фестивалот и многу убаво поминале. Битола не е позната по Шеретон, но затоа е позната по шопската салата и доматите. Странец кој бил вклучен во Фестивалот порано, рекол дека ќе земе македонско државјанство од толку што му се допаднала шопската салата додека престојувал на фестивалот во Битола. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани