АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По повод 79 годишнината од 11 Октомври кога предците ја започнаа народната борба за слобода, а со придржување до строгите мерки на заштита и по зададените протоколи од Министерството за здравство, во Битола на неколку локации се одбележа еден од најзначајните датуми во македонската историја, Денот на востанието.
Свежо цвеќе пред споменикот на загинатите борци пред Центарот за култура во Битола положија градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, претставници на Советот на Општина Битола, Општинскиот сојуз на борците, претставници на политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
Делегација предводена од заменик градоначалничката Емилија Костурски, претставници на Советот на Општина Битола и Општинската организација на Сојузот на борците од Битола, подолжија свежо цвеќе на партизанските гробишта, со што им оддадоа почит на сите народни херои, кои ги положија животите во Втората светска војна, за слободна и независна држава.