Големиот јубилеј - 100 години од раѓањето на Блаже Конески, ќе биде во фокусот на програмските активности за оваа година на Македонското научно друштво од Битола, објави денеска на прес конференција д-р Невена Груевска, претседател на МНД. Таа рече дека Македонско научно друштво-Битола како најстара научна организација во државата, подготви повеќе академски настани за делото на Конески.

Со низа активности кои  го означуваат развојот  на ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“ од отворањето на првата градинка до денес, оваа установа  ќе го одбележи 60 годишниот јубилеј од своето постоење. Активностите се прилагодени на вонредната состојба, односно ќе бидат електронски, па од денес до следната сабота ќе бидат споделувани на официјалната фејсбук-страница на градинката. Токму овде,  денеска е објавено и видео обраќањето на диркеторката Лидија Тфирст Митревска, кое има наслов во стих „Од секоја слика-некој спомен блика. За сè што правиме-со јубилеј славиме“.

Само неколку години по Втората светска војна, на 30 ноември 1948 година, во бурни времиња на  обнова на државата, со висока еколошка свест на тогашните структури, Пелистер е прогласен за национален парк. Тој бил  прв национален парк во тогашна Југославија и 13-ти  по ред во Европа. Ова ремек дело на природата има разновиден растителен и животински свет, а најголема вредност има моликата-автохтон вид на петтоигличест бор со терцијарна старост,  кој што расте на само неколку планини на Балканот. Најстариот национален парк во државата „Пелистер“, денеска одбележа 70 години од своето постоење.

Со свечена академија, што се одржа во Народниот театар во Битола, јавното претпријатие „Стрежево’ од Битола ја заокружи прославата по повод 40 години од формирањето на хидросистемот, еден од капиталните субјекти во Пелагонискиот регион со исклучително значење за водоснабдување на градот и околината и наводнување на земјоделските површини. Актуелниот директор Методија Гаматковски, во своето обраќање пред присутните, ја потенцираше важноста на „Стрежево“ за Битола и целиот регион.

Под мотото „Водата е живот“ јавното претпријатие „Стрежево“ од Битола в понеделник на 26 ноември, со повеќе активности  ќе ја одбележи 40 годишнината од основањето.

Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани