Анета Блажевска

Анета Блажевска

Петар Николовски е носител на советничката листа на СДСМ за претстојните локални избори.  Во досегашниот состав на Советот на општина Битола тој беше координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата. Николовски  е дипломиран инженер по информатички науки и компјутерско инженерство при Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола и советник во Советот на Општина Битола, со силна верба во новата генерација што носи промени. 

 
Работи во приватна ИТ компанија како графички и веб дизајнер.
 
Од СДСМ објавија дека неговата мисија е политиката да биде отворена, праведна и насочена кон граѓаните. Се залага за град кој нуди повеќе шанси за младите, поддршка за секое семејство и одржлив развој што ќе ја постави Битола на мапата како модерен и европски град. 
 
Транспарентноста, дигитализацијата и одговорното управување се вредностите во кои силно верува и доследно ги применува, објавија од ОО на СДСМ Битола. 

Почитувани,

 
Ве известуваме дека во текот на денешниот ден 1.10.2025 (среда), поради дефект на водоводната мрежа, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од ул. "22 Април"  и ул. "Скоевска"  (од бр 110 до 94).
Преќинот ќе трае од 11 : 00 часот до завршување со активностите околу санацијата.

Советот за женско претприемништво од Битола, денес во Офицерскиот дом организираше настан „Саем на бизниси – иновации што инспирираат“.

Саемот имаше за цел да ги обедини претприемачите, жените кои успешно водат сопствени бизниси, како и иноваторите што носат свежи идеи.
 
-Настанот претставува одлична можност за запознавање со најновите трендови во бизнисот и отворање пат за нови соработки и партнерства, изјави градоначалникот Тони Коњановски. 1000006896

Кандидатка за советник во Советот на Општина Битола од Граѓанската Иницијатива - ГРИН со реден број 4 е Андријана Ташкова- Ѓоргиева. Од ГРИН велат дека со нејзината енергија, визија, идеи, искуство и менаџерски способности во приватниот сектор е докажана како во нашата држава така и во Канада. Андријана Ташкова- Ѓоргиева е родена во Торонто - Канада, но своето детство го поминала во Битола. Потоа повторно се враќа во Канада. "Љубовта кон градот во кој се родени нејзините родители и каде таа го поминува детството придонесе Ташкова- Ѓорѓиева да реши со своето семејство да се врати во Битола во 2009 година. Вештините и искуството кои ги стекна во Канада ги пренесе овде. Денес е раководител на одделот синџир на снабдување во приватна фирма  и од прва рака ги разбира предизвиците на странските компании и нашите сограѓани вработени таму., објавија од ГРИН. Ташкова- Ѓоргиева досега не била член на политичка партија, велат од иницијативата. 1000006823

„Јас сум мајка на три деца и згрижувачка на уште три деца. Верувам дека иднината на нашите деца мора да биде приоритет. Сакам да се стави крај на иселувањето на младите, партиските вработувања, лошата инфраструктура на улиците во градот, училиштата и здравствените установи. Станувам дел од Граѓанска Иницијатива - ГРИН со цел да внесам нова енергија што го одразува гласот на обичниот граѓанин. Битола е на битолчани. Љубовта, верата и надежта за подобро утре се нашиот пат", изјави Ташкова-Ѓоргиева.  

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани