
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Просветните работници, поранешните директори на Економското училиште "Јане Сандански" и основното училиште "Тодор Ангелевски" Битола, професорот Александар Цветкоски и одделенската наставничка Љубица Стерјева ќе бидат дел од листата на советници на партијата ЛДП-Битола за претстојните локални избори. 

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, вечерва присуствуваше на прославата на 30 години од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Соединетите Американски Држави и Македонија, која ја организираше Амбасадата на САД. Коњановски објави зеадничка фотографија со американската амбасадорка Ангела Агелер. На прославата присуствувале и претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова, премиерот Христијан Мицкоски, како и повеќе владини министри, градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и функционери.
ВРЕМЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ В НЕДЕЛА ВО БИТОЛА, ЗА ТРКАТА ТРЧАЈ БЕ НА 14 СЕПТЕМВРИ 2025
Актуелниот советник Горан Велевски ќе ја предводи советничката листа на Левица во Битола.

ОДБЕЛЕЖАНА 83 ГОДИШНИНАТА ОД СМРТТА НА НАРОДНИОТ ХЕРОЈ СТИВ НАУМОВ
Пожарот ја уништи внатрешноста на старата градска куќа во центарот на Битола кај Стара Болница. Огнот избувнал нешто пред 11 часот денеска и за брзо е локализиран од битолските пожарникари. Спречено е пламените јазици да се прошират на соседните куќи. противпожаната територијална единица од Битола интервенираше со две возила и 7 пожарникари.




ЛДП Битола на претстојните локални избори во Битола ќе настапи самостојно со советничка листа. Од партијата објавија дека ќе настапат со чист образ, со чиста совест и со крената глава и ќе ја бараат добербата од битолчани. Димитар Кузмановски, претседател на ОО на ЛДП и Ана Талевска Јолевска ќе ја предводат советничката листа за Битола. 

