Анета Блажевска

Анета Блажевска

Јавната критика на родителката од Битола Силвана Петрова Насух за укинувањето на насоката Традициски играч и пеач во Државното музичко училиште во Битола, успеа. МОН објави конкурс во кој стои дека насоката е отворена за упис во учебната 2026/2027 година. 

Силвана Петрова Насух како мајка на дете кое лани се запиша на насоката Традициски играч и пеач, бурно и аргументирано реагираше на одлуката на МОН годинава да не се објави конкурс за оваа насока, туку на секои две години. Реакцијата на Силвана Петрова Насух, аргументирана и доследна,  беше широко прифатена од јавноста и поддржана. По извесен период преписки во јавноста со МОН и министерската за образование Весна Јановска, критиките вродија со плод. Во Битола и годинава децата можат да се запишат на на насоката Традициски играч и пеач во Државното музичко училиште во Битола. 

https://apla.mk/denes/item/17937-silvana-petrova-nasuh-i-vozvrati-na-ministerkata-janevska-paralelka-na-peskakulica-egzibicionizam-vo-obrazovaniot-proces

Државното музичко училиште Битола објави- 

Министерството за образование и наука ( МОН ), препознавајќи го огромниот интерес кај младите и важноста за зачувувањето на нашиот фолклор, со брза реакција направи измена и дополнување на Конкурсот за упис на ученици за средно образование за учебната 2026/2027 година, со што официјално го додаде и профилот Традициски играч - пејач, за што сакаме да упатиме јавна и искрена благодарност како за нивниот слух, така и за покажаната флексибилност и разбирање за потребите на нашите идни ученици.
Оваа одлука е од огромно значење за ДМУ - Битола, за градот и за сите млади таленти кои сакаат професионално да ја негуваат македонската музичка традиција, песна, игра, етнокореолошка и етномузиколошката наука.
Нудејќи три профили :
-Музичар изведувач
-Музичар теоретичар
-Традициски играч-пејач
 
 
А.Б 
 
Градоначалникот Тони Коњановски за случајот со наставникот Стефан Поповски со став 
 
-Сакам да ја информирам јавноста дека внимателно ги следам случувањата со наставникот од ОУ „Тодор Ангелевски“ кој денеска преку медиуми информираше за неговиот случај со работното ангажирање.
Дадов налог до општинскиот инспектор за образование да ги провери наводите изнесени од страна на наставникот и доколку се утврди дека се точни и вистинити, ќе покренам постапка за разрешување на директорката на училиштето.
Сепак, да оставиме работите да се одвиваат согласно процедурите.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани