Анета Блажевска

Анета Блажевска

Советникот на Поинаку Иван Чулкоски и кандидат за советник за актуелните локлани избори вечерва се обрати преку Фејсбук до политичките ривали со недоличен речник и пораки со што го спушти нивото на комуникација во политичката кампања употребувајќи вулгарности и простачки речник.  Чулакоски употребувајќи уличарски фрази, на политичките противници им порачува дека единствено што можат да им  направат  е да ги "избричат".  Фејсбук обраќањето на советникот ви го пренесуваме во целост.  " Лажни профили, лажни вести, искомплексирани карактери со мали алатчиња, партиски ботови, партиски послушници, платеници... УДРЕТЕЕЕЕ!!!!

 
Ништо не ви сметаше до сега, ќутевте ко мачиња 35 години дури ни го грабеа градот и државата па сега зеле не пратат низ град, не сликат, па камиончето било на криво паркирано, па Чулако не знаел да вози, па сме биле платени од незнам кој, па не знам уште шо не! 
 
Знам дека од партија ви кажаја дека треба со цела сила да удрите на Поинаку , на Габи и на Чулако оти нешто ви ги матат сметките и анкетите, ама џабе е... Не ви врви! 
 
Единствено шо можи да напрајте во моментот е со зелена срча од Пелистерка да ни извршите една мала берберо - фризерска услуга" , пишува Чулакоски. 
 

Во пресрет на Локалните избори за 2025 год., Геосфера-Битола, врз основа на објавените изборни програми и дадените изјави во медиумите и социјалните мрежи, изработи компаративна анализа на изборните програми на кандидатите за градоначалници на Општина Битола за вклученоста на еколошките теми во изборните програми. Анализирани се шест области, односно застапеност на мерки и предлози за решавање на проблемите во областите: 

• Воздух, 
• Вода, 
• Отпад, 
• Урбана мобилност, 
• Урбано зеленило и 
• Капацитети на општината. 
Преку анализата, секој граѓанин на Битола, ќе може да направи споредба на изборните програми меѓу кандидатите за градоначалници и нивните мерки и предлози во решавањето на еколошките проблеми во општината.
 
Анализата е изработена од страна на Регионалното географско друштво ГЕОСФЕРА - Битола во рамките на проектот „Регионално партнерство за подобро спроведување на Зелената Агенда на локално ниво“, спроведуван од страна на Центар за климатски промени во соработка со партнерите Еко зелено движење, Екотуризам – 2016 Охрид, Креактив, Фондација за локален развој и развој на информатички технологии, Национален ромски центар и Ецо ацтион. Проектот е финансиран од Швајцарската Амбасада преку програмата Цивика Мобилитас.

80 години ФК Пелистер! 

 
Денес во Општина Битола остваривме прием со највисоките претставници на ФК Динамо Букурешт – Андреј Николеску (претседател), Козмин Михалеску (спортски директор), Богдан Алеку (директор за комуникации) и Костир Шолц (претставник на клубот), објави градоначалникот Тони Коњановски. 1000007515
 
Во пријателска и спортска атмосфера разменивме специјални дресови по повод 80 години од основањето на Пелистер.
На гостите од Романија им посакав пријатен престој во нашиот град, натпревар за уживање и многу успеси во нивниот шампионат.
 
Како дел од роденденската прослава, попладнево следуваат Свечена академија, пријателски натпревар, објави Коњановски 

Движењето ЗНАМ за наша Македонија на локалните избори во Битола има своја советничка листа и дава целосна поддршка за кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ Тони Коњановски.   Во Битола Коњановски присуствуваше на одбележување на годишнина на  политичката партија  движење ЗНАМ за наша Македонија на која оствари средба со потпретседателот на ЗНАМ Весна Бендевска, со носителот на листата на ЗНАМ за Битола Јагода Талевска и со кандидати од советничката листа. 1000007505

- Средба, на која беше изразена јасна поддршка за мојата работа како Градоначалник на општина Битола.
 
Поддршката е потврда дека заедно, преку партнерство и заеднички цели, можеме да постигнеме многу повеќе за Битола и битолчани.
 
Се заблагодарив за безрезервната довербата и на споделената визија за современа, уредена и силна Битола.
На 19 октомври ќе ја потврдиме довербата и ќе ја однесеме Битола кон нова победа, објваи Коњановски. 

Битолскиот пожарникар Александар Тодорчевски - Ато е кандидат за советник од листата на СДСМ и коалицијата. Александар е познат на јавноста во градот особено по една  тешка ситуација минатата година со пожар над Обиколницата каде за да им помогне на колеги самиот се здоби со тешки изгореници.

Тодорчевски има завршено високо образование со стекнат стручен назив - инженер по биотехнички науки, а работи како пожарникар - спасител.
 
"Многу сограѓани ме познаваат како страствен вљубеник во спортот, а посебно во ракометот и присутен сум скоро на сите спортски настани.
 
Битола е мојот град и со ова кандидатирање за советник посакувам да направам нешто за поубава, почиста и помодерна општина со која ќе се гордеат идните генерации"., вели Тодорчевски и ја бара довербата на битолчани за локалните избори. 

Димитар Кузмановски, носител на листа на Коалицијата Искуство за Успех, предводена од ЛДП изјави дека Либерално демократската партија од Битола е против изградбата на депонија во Мегленци од типот и обемот што го предлагаат надлежните институции на државата и градот Битола.

 
"Сметаме дека е недозволиво во Пелагонија – најголемата житница на Македонија – да се складира и одлага толку голема количина на отпад, и тоа од дури 18 општини.
 
Битолскиот регион и онака е прекумерно загаден од работењето на РЕК Битола, па дополнителна еколошка катастрофа, каква што би предизвикала ваква депонија, е неприфатлива.
 
Немаме доверба дека институциите се способни да реализираат ваков проект на безбеден и современ начин. Доказ за тоа се честите пожари и нефункционалноста на депониите во другите делови на државата, особено во Скопје.
 
Бараме широка јавна дебата со сите засегнати страни – невладини и еколошки организации, експерти, политички партии и граѓани, како оние што се против, така и оние што се за ваков проект", изјави Кузмановски.
 
Коалицијата предлага
• Да се изгради регионална депонија само за потребите на Пелагонискиот регион – Битола, Новаци и Могила.
• Депонијата да биде од затворен тип, во согласност со сите меѓународни стандарди.
• Отпадот да се сортира и складира по видови на одделни места.
• Да се овозможи рециклажа на сите материјали кои тоа го дозволуваат (стакло, хартија, пластика и др.).
• Секое домаќинство да добие различни канти за отпад, а примарната селекција да ја вршат самите граѓани.
• Да се користат различни возила за различни типови отпад, со цел да не дојде до мешање.
• Депонијата да се отвори со валидни сертификати за складирање, управување и рециклажа на отпад.
• Процесот на работа да биде строго контролиран и транспарентен, со јавен мониторинг систем 24/7, достапен за сите жители.
 
"На Битола и на Македонија им се потребни внимателни, промислени и одговорни одлуки кога станува збор за потенцијални загадувачи и „тивки убијци“ на здравјето на граѓаните, веќе доволно погодено од загадениот воздух, почва и вода", вели Кузмановски 

Се запали кола на плин во населбата Горно Оризари во Битола, пожарникарите се справија успешно со ситуацијата во која истекуваше плин од возилото.

 
Примена дојава во 15:30ч. за запалено возило во Горно Оризари ТППЕ Битола интервенираше со 1 возило и 5 пожарникари. При интервенцијата од возилото успешно и професионално е отстранета и дислоцирана плинска боца под притисок која испушташе плин и претставуваше опасност за населението и објектите околу неа. -Со храброста, посветеноста, дисциплината и секојдневните многубројни и високоризични интервенции ТППЕ БИТОЛА повторно jа докажаа својата професионалност, објавија битолските пожарникари. 

Битола е гнасна, со ваква оценка за градот настапи Габриела Илиевска кандидатка за градоначалник за Битола од независната иницијатива Поинаку. Во интервју за Тера телевизија Илиевска вели -

 
„Мотивот повеќе би рекла, отколку желбата, бидејќи во изминатите триесет и кусур години гледаме дека Битола е уназадена, гледаме дека Битола е целосно и максимално партизирана, да не зборувам дека во последните повеќе години Битола е гнасна, Битола е со блокиран сообраќај, Битола е со валкани улици, се дави во ѓубре. И она што е најстрашно е дека граѓаните веќе ја имаат изгубено надежта дека некој можеби сака нешто да напарави за Битола, изјави Илиевска во интервју на ТЕРА телевизија. 

Честит 11 Октомври – Ден на народното востание

 
На овој значаен ден, оддаваме почит на сите херои кои се бореле за слобода и достоинство. Нивната храброст е основата на нашата иднина.
 
АД ЕСМ, како одговорна компанија, со гордост го одбележува овој ден – симбол на отпор, заедништво и слобода. Да не заборавиме дека заедно, со заедничка визија, одиме кон подобра иднина.

ВО БИТОЛА ОДБЕЛЕЖАН 11 ОКТОМВРИ – ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКОТО НАРОДНО ВОСТАНИЕ

 
Битола денес свечено го одбележа 11 Октомври – Денот на македонското народно востание, еден од најзначајните датуми во историјата на македонскиот народ.
 
Овој ден претставува симбол на слободољубивиот дух и непокорот на македонскиот народ, кој пред 84 години, преку храброста и жртвата на борците од Народноослободителната борба, го означи почетокот на востанието против фашистичкиот окупатор и ја постави основата на современата македонска држава.
 
По повод празникот, пред споменикот на Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија, пред Центарот за култура во Битола, беше одржана свечена церемонија на која беа положени свежи цвеќиња.
 
Со пригодна почит кон историското значење на денот, цвеќе положија градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, претставници на Советот на Општина Битола, претставници на Сојузот на борците, како и претставници на политичките партии, други организации и поединци.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани