2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Жени инженери кои стојат позади големи проекти во градежништво и енергетика

Март 09, 2022

BV Business Group е една од најкрупните бизнис групации во овој дел на Македонија која делува во повеќе индустрии како што се градежништво, енергетика, нови технологии, едукација и угостителство. И во ваков свет, логично е да доминираат мажите, со оглед на стереотипите кои владеат се’ уште за машки и женски професии. Вчера беше 8 март, па на денот кога се потсетуваме на историските мигови и значењето на овој празник, решивме да ги истакнеме нашите жени кои го менуваат тој свет на стереотипи со своите професии секојдневно.

Во BV Business Group има 27 припаднички на понежниот пол, кои во оваа бизнис гранка, која според многу стереотипи е машка, успешно се носат во кариерата и постигнуваат одлични резултати. 8 март е само повод да ви ги претставиме нашите жени инженерки кои стојат зад најкрупните проекти на кои се работело или работи во наведената групација.

Ова е Сања Нешковска, дипломиран градежен инженер

сања2

Колку години работите во BV Business Group?

-Две години.

Како ја избравте Вашата професија?

- Изборот на мојата професија не го направив случајно, на брзина или како што велиме „преку ноќ”. Од секогаш ме воодушевуваа градбите. Низ моите школски денови најлесно ми беше „да си играм со бројки”, па некако мојата кариера ја гледав во пресметки, цртање, творење, и некако сите овие елементи се споија во мене, па затоа и одлуката за професија не беше тешка.

Дали во факултетските денови размислувавте колку е тоа вистинскиот избор за Вас?

- Сигурна бев во својот избор уште од првите факултетски денови.

Дали некој ве убедуваше дека професијата е машка и кој Ви беше аргументот „за“?

- Мојата професија ја разбирам како придонес кон давањето живот, душа на еден објект. Прецизно склопување најразновиден материјал за да еден објект добие живот. Во таа насока, неодминливо е чуството кога еден објект ќе биде завршен и ќе ја добие својата функција, својот живот. Ако вака ја набљудуваме мојата професија веќе го надминуваме клишето на машка – женска професија и се приближуваме кон уметноста и творењето.

На која работна позиција сте денес во BV Business Group?

- Градежен инженер на објект.

Кој е проект на кој сте особено лично горди?

- Доизградба на градежен објект за согорување на медицински и друг опасен отпад во Депонија Дрисла - Скопје.

Кој бил најкомплицираниот проект на кој сте работеле?

- Доизградба на градежен објект за согорување на медицински и друг опасен отпад во Депонија Дрисла - Скопје.

Што Ви претставува предизвик за проект кој во иднина сакате да го прикачете како “реализиран” во Вашето CV?

- Изведба на станбен објект А2 – семејно домување во згради, Смарт Бит.

Кое е Вашето мото?

- Вложувајќи во себеси, можеме да создадеме уметност, да ги изградиме најбезбедните и иновативни објекти, кои ќе имаат голем придонес во општествениот развој.

 

Ова е Милена Карловска, дипломиран градежен инженер

милена 2

- Во БВ Инженеринг работам со полно работно време осум години.

Како ја избравте Вашата професија?

- После завршување на средно образование во СОУГ “Кочо Рацин” Скопје, општа гимназија, сватив дека најмногу имам знаења од областа на математика, природни науки, компјутерски техники и инженерство. Истите се неопходни за анализирање и решавање на инженерски проблеми, па оттука Градежниот факултет беше мојот избор.

Дали во факултетските денови размислувавте колку е тоа вистинскиот избор за Вас?

- Секоја година од моето студирање и навлегување подлабоко во суштината на факултетот само ми го потврдија добриот избор.

Дали некој ве убедуваше дека професијата е машка и кој Ви беше аргументот „за“?

- Стереотипите за т.н „машки и женски” професии, во мојот личен избор за понатамошно студирање не играа улога, но да, имаше коментари во смисла: „Градежен факултет?! Што ќе биде твоето работно место?... Ќе бидеш на градилиште, таму сите се мажи…” и сл.

На која работна позиција сте денес во BV Business Group?

- Позицијата во БВ Инженеринг ми е раководител на припрема.

Кој е проект на кој сте особено лично горди?

- Во градежниот сектор секој проект е засебен. Секој проект има различни анализи, различни проблеми, различни предизвици. Имаме работено и на големи и помали проекти, но сите се со еднаква важност. Секој изведен проект на кој сум била дел од него за мене претставува гордост.

Кој бил најкомплицираниот проект на кој сте работеле?

- Кога секојдневно се движам низ градот и ги гледам изведените објекти на нашата фирма, постојано се потсетувам на процесот на изведба, на сите договарања, преговарање, проблеми, одлуки…. Се насмевнувам и велам, вредеше… Сите објекти претставуваат одговорност која е голема и се трудиме како тим да ја реализираме, најдобро и најквалитетно.

Што Ви претставува предизвик за проект кој во иднина сакате да го прикачете како “реализиран” во Вашето CV?

- Предизвик ми е да можеме да се прошириме во соседните земји, па во моето CV да ги има и тие.

Кое е Вашето мото?

- “ГРАДИ ИДНИНА”.

 

Ова е Елизабета Илиевска, дипломиран машински инженер

елизабета2

Колку години работите во BV Business Group?

-Eдна година.

Како ја избравте Вашата професија?

- Животна желба ми беше да бидам инженер - инженерството одговара со мојот динамичен начин на живеење и размислување.

Дали во факултетските денови размислувавте колку е тоа вистинскиот избор за Вас?

-Сто проценти бев сигурна за направениот избор.

Дали некој ве убедуваше дека професијата е машка и кој Ви беше аргументот „за“?

- Секако, мојата мотивација да се докажам дека можам да бидам подобра и поуспешна од било кој машки колега.

На која работна позиција сте денес во BV Business Group?

- Раководител на погонот за браваро-заварувачки работи и армирање.

Кој е проект на кој сте особено лично горди?

- Проектирање и изработка на палета камини за греење на цврсто гориво.

Кој бил најкомплицираниот проект на кој сте работеле?

- Припрема и изведба на челична конструкција за три производствени хали во Рума - Р.Србија.

Што Ви претставува предизвик за проект кој во иднина сакате да го прикачете како “реализиран” во Вашето CV?

- Изведба на челичната конструкција за градскиот пазар во Велес.

Кое е Вашето мото?

- Само со упорност и посветена работа се стигнува до целта. Нека бидат инспирација овие жени, за сите оние кои професиите ги делат на машки и женски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани